Импланти
Последниве години, имплантологијата како гранка на стоматологијата е значајно
напредната и сега е високо специјализирана техника со огромна успешност при
поставувањето на забните импланти од 96%, што им овозможува на пациентите да
после извршената имплантација продолжат со нормално функционирање, како да
имаат свој природни заби. Забните ...
Прочитај повеќе Импланти
Последниве години, имплантологијата како гранка на стоматологијата е значајно
напредната и сега е високо специјализирана техника со огромна успешност при
поставувањето на забните импланти од 96%, што им овозможува на пациентите да
после извршената имплантација продолжат со нормално функционирање, како да
имаат свој природни заби. Забните импланти денес преставуваат решенија на кои
прво се помислува кога постои губиток на еден или повеке заби, но исто така и во
без заби вилици.
Ефикасен и траен начин за реконструкција на вашите заби
Забниот имплант содржи два дела, првиот дел кој се поставува во коската и го
имитира коренот на забот, и вториот дел, односно коронарниот дел кој ке биде носач
на идната дефинитивна протетска изработка(коронка, мост, протеза).
Во некои ситуации кога недостига заб во високо естетската регија, забниот имплант
може имедијатно да биде поставен и веднаш потоа да биде изработена привремена
коронка само неколку саати после самата имплантација.
Индикации за поставување на забни импланти
Со големиот технолошки напредок во изминативе години, ситуациите кои се
индицирани за поставка на забни импланти е значително зголемен, а самата
интервенција е вообичаена и лесно достапна.
Поставувањето на забни импланти е едноставна и безболна интервенција која се
извршува со локална анестезија. За правилно поставување на забни импланти
потребно е правилна хируршка дијагностика и припрема на пациентот. Најчесто се
изработува CBCT(3D) снимка, со која ги добиваме сите потребни информации за
коската во која ке се поставува забниот имплант.